
Трендафил Ивановски: Безусловната амнестија не значи помирување
ВМРО-ДПМНЕ утре поднесува закон за амнестија за 27 април кој СДСМ е брутален упад во правосудството. Владеачкото мнозинство пак ќе формира комисиии за помирување во кои опозицијата најви дека нема да учествува. Од пред партиското седиште на опонентот вмро дпмне и сдсм ги повторија своите ставови. СДСМ уверуерува дека за помирување разговара и со пратнеици од опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат неприфаќањето на зкаонот ќе значи селективна неправда.
Поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски смета дека доколку се прифати амнестијата може да отвори во собранието и за барања за други амнестии и од други партии и може да го одолговлечи процесот на уставни измени. Според него безусловната амнестија не значи помирување. Помирувањето треба да доведе до решение за да се излезе од лошата состјата во која се ноага државата. Амнестијата кај нас, вели Ивановски, се бара како инстумент за избегнување на одговорност за сторен криминал и ја води државата во ќор сокак.
Собранието од независноста на државата до сега пет пати е применета за амнестија. Во 91 амнестирани 907 осуденици и затоврнеици. Во 99-та пратениците гласаа за закон за намалување на казни на затвореници, трета амнестија следеше по рамковниот договор за припадниците на ОНА, четвртата, неколку години потоа, се амснетираа оние кои го избегнале служењето на воениот рок, од пред една година ги опфати лицата кои за определни дела имаат право на слобода ако одлежале половина од затворската казна.
Елена Ивановска