
Транспаренси интернационал: Македонија се уште е хибриден режим
Политичарите замешаа прсти и во изборот на новата Антикорупциска комисија, тврди Транспаренси интернешнал. Прво донесоа закон со кој засекогаш им е забрането на поранешни антикорупционери да се членови во ДКСК, а на поранешни политичари сепак им е дозволено. Второ, сега кога треба да се бира кои луѓе ќе бидат Комисија за избор на членовите на ДКСК секоја партија сака да има превласт, па не можат да се договорат.
Токму поради ваквите но и слични ситуации, земјава се уште е меѓу најкорумпираните на Балканот, заедно со Албанија и Косово. Во извештајот на Транспаренси интернешнал за 2018 година со црвено е одбележано суството како еден од главните проблеми за справување со корупцијата.
Светли точки се пак СЈО и законите за борба со корупција но според тасева Работата на СЈО, сега се поматува поради пазарењата со политичарите и изборот на предметите со кој се остава простор за нов мандат на ова обвинителство. Законите пак се добри, но не се имплементираат.
И понатаму земјава се наоѓа во групата држави со хибриден режим, односно држави во кои има елементи на автократски тенденции.
Билјана Николовска