
Транспареност –приказна или реалност?
Информациите за тоа како и колку трошеле министрите, замниците министри и државните секретари ќе бидат достапни наскоро. Податоците ќе се однесуваат на периодот од шестте месеци од нивното стапување на должност.
Сппоред присутните, новинарите и невладините организации ова е добро, но не е доволно. Овој принцип на трансспарентност треба да се прошири на сите нивоа, особено на локалната самоуправа, посочи Неда Малевска од невладианта „Центар за управување со промени“. Потребно е и попрецизно објаснување како се назначени вкупно 11.000 лица во управни и надзорни одбори, меѓу кои се и училишните.
Нема јасни показатели и за бројката и начинот на избор на привремено вработени, посочи Тамара Чаусидис од Синдикатот на новинари и медиумски работници. Според министерот Поповски, нивните биографии се познати, и владата нема што да крие.
Како проблем претседателот на ЗНМ го посочи фактот дека ДУИ одбива да комуниција со медиумите на албаснки јазик кои се критични во нивните известувања. Ќе ја пренесам оваа забелешка рече Поповски, посочувајќи дека сите функционери треба да се откажат од некои стари навики и да се прилагодат на новите.
Сања Јовановиќ Дaмјановска