
Трансфузилогија: Има доволно единици крв во болниците, крводарителството продолжува
Има доволно крвни едници низ болниците во земјава, соопшти денеска Институтот за трансфузиологија. Од таму информираат дека крводарувањето ќе продолжи но со дополнителни мерки на безбендост поради ковид-19. Поради вирусто се очекува намален број на крводарители, но од Институт ги охрабруваат сите здрави крводарители да не го одложуваат крводарувањето, пред се ако ги немаат овие симптоми: во последните 28 дена не патувале надвор од Македонија, имаат симптоми на настинка, кашлање и кивање, имаат покачена телесна температура, биле во контакт со болен чии симптоми личат на инфекција со корона вирус.
Дополнително, согласно Европскиот Центар за Контрола на Болести се воведуваат и следниве мерки за дарување на крв: 28 дена после враќањето од подрачја со инфекција со COVID-19 или контакт со потврден случај се одложува дарување на крв, клетки и ткива, мерење на телесна температура на сите доброволни дарители на крв, -обезбедување на точки за дезинфекција на рацете на вработените и дарителите, како и ограничување на бројот на дарители истовремено присутни во просториите и обезбедување на контролирано движење во целиот процес на крводарување.
Од Институтот за трансфузиологија наведуваат дека сите дарители на крв доколку покажат симптоми на коронавирус задолжително да го пријавата тоа на телефонскиот број 078-488-078.