Трамвај, гасификација и инспекции во борбата со загадувањето

Со 15 милиони евра Владата влегува во борба со аеро-загадувањето. Од нив, 10-тина милиони се за  инвертори наместо печки на дрва во домовите.Ќе  се вклучи и во проектот за електричен трамвај во Скопје со кредит од 100 милиони евра.

Уште позначајни придобивки ќе има од гасификацијата, објасни премиерот Заев. Со 83 одсто од планираното се реализираат двата крака: Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар. Ќе се гасифицираат болниците во Куманово и во Чаир, студентските домови и затворот, а сите општини треба да направат проекти за секундарна гасификација. Како краткорочни мерки, формирани се посебни инспекциски тимови.

Тие тимови требаше да ги формирате пред две и пол години, а не вчера, реагираше опозицијата.

Данев побара инспекторите да бидат цело време на терен и да се воведе акциза за нафтениот кокс. Така, според него стопанските субјекти ќе се стимулираат да се приклучат на гасот кој веќе е донесен во Скопје. Ова беше првата тема што ја отворија пратениците на седницата за пратенички прашања.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ