Трајковски: Вељаноски нареди да се отворат вратите во собранието

„Трајко Вељановски на 27 април 2017 година издаде наредба да се отворат вратите на Собранието”, со овие зборови обвинетиот Влатко Трајковски ги започна своите завршни зборови во салата на Кривичниот суд.

Тој додаде дека ако не биле отворени вратите на Собранието од страна на амнестираните пратеници Крсто Мукоски и Сашо Василевски, тој немало да биде обвинети за тероризам и за кршење на уставниот поредок. А тој ден се нашол напогрешно место и во погрешно време. Потврди дека го прскал со противпожарен апарат пратеникот Сашко Костов во една од салите, но не удрил и не повредил никого.

По него, последниот збор ќе го кажат последните тројца обвинети, Вилијам Михајловски, Александар Василевски-Нинџа и Никола Митревски-Кољо. Судскиот случај за настаните од 27 април е во фаза на завршни зборови на четворица од 18 обвинети. Следната недела судијата Добрила Кацарска се очекува да ја даде првостепената пресуда.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ