Трајко Вељановски се бранел со молчење

Велгол од заден влез преку сопска апелација и ги избегна медиумите, излезе од главен влез од обвинителството по само 40 минути. Екс претседателот на собранието и осомничен како организатор на квавиот четврток се бранел со молчење. Трајко Вељанвски од обвинителката Вилма Рускоска барал увид во доказите на кои би требало да ја темели и својата одбрана.

Вељановски беше уапсен на 20 февруари годинава и покрај тоа што за него се бараше притвор беше ослободен бидејќи се повика на пратеничкиот имунитет. Собранието не му го одзема па тој сега се брани од слобода. Еден е од шесттемина осомничени организатори на упадот во собранието на 27 април 2017. Вештачењето на неговиот телефон и пораките кои ги добивал веќе беа докази во најголемиот процес за крвавиот четврток. Тие покажаа дека комуницирал со екс претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и добивал информации за можни сценарија за избор на нов претседател на собранието. Тој пак преку пораки барал пратеници од вмеро дпмне да му го чуваат кабинетот. Меѓу веќе осудените е и неговото обезбедување Горан Ѓошевски Леви. Заедно со него осомничени се и бегалците Никола Груевски, Никола Бошкоски, екс директорот на УБК Владимир Атанасовски и екс министрите Спиро ристовски и Миле Јанакиески. Во петок на распит е повикан Јанакиески.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ