Трајанов: Унгарија направи атентат врз функционирањето на правната држава во Македонија

„Целокупниот безбедносен систем во државата е во колапс, тоа се должи и на партизација. МВР е надлежно да ја спроведе мерката одземање на пасош и да спречи да ја напушти државата. МВР самостојно проценува ризици, нема потреба од Обвинителството или Судот. МВР треба да подготви план, треба да се направи проценка дали постои опасност од бегство и потоа се предлагаат мерки како следење или прислушување“.

Но, Трајанов смета дека не може Спасовски да превземе одговорност на себе за се што не е направено, бидејќи не може да одговара за сите. „Кадрите во МВР, информациите ги пласираат во партиските штабови, а не до министерот или директорите“.

Сепак Трајанов е сигурен дека МВР презело мерки околу можност за бегство на Груевски.

„Треба да се формира работна група и точно да се истражи улогата на МВР, Агенција за Разузнавање, Судот и Обвинителството“.

„Ако не ја расчистиме оваа работа, бидејќи нанесе огромни, тешки последици по вкупната политичка безбедносна состојба во државата, не можеме да одиме напред. Нема да имаме реформи ако случаите ги ставаме под тепих. Треба да се расчистат. Друго прашање е одговорноста. Ние мораме да утврдиме каде се слабостите, каде се пропустите и како тој систем да го реактивираме, да го рекомпонираме бидејќи вака како што е поставен тој не е функционален“, рече Трајанов.

„Државата е во исклучително сложена и тешка состојба, меѓу другото, рече тој, поради тоа што целокупниот безбедносен систем е во колапс. – Како резултат на голема политизација на важните државни институции, силната партизација, застојот на реформите, тој систем е колабиран долго време и се уште не успеавме во период од година и пол да го реформираме“, рече Трајанов.

Трајанов додаде дека доколку тој бил директор на БЈБ немало да се случи бегството.

„Не сметам дека има заговор и намерно пуштање на Груевски. Мислам дека е силна организација на Унгарија со структури во Македонија и класично бегство. Унгарија направи атентат врз функционирањето на правната држава во Македонија. Мора да ги искористиме сите дипломатски средства, па и протерување на амбасадор“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ