Трајанов: Реформите на тајните служби ги водат луѓе од поранешната власт кога имаше злоупотреби

Иако се движат, реформите на следењето комуникации уште се тема за универзитетските професори, експерти и поранешни безбедносни функционери. Реформите треба да бидат подлабоки, треба и реформа на тајните служби, а не само на прислушувањето, вели поранешниот министер Трајанов кој се чуди за изборот на носителите на промените во тој сектор.

Македонската УБК за разлика од тајните служби во демократските држави се уште  има полициски овластувања, односно агентите на тајната полиција може да истражуваат, да апсат, да легитимираат граѓани. Сите тие процеси се оставени без контрола, а професорката Најчевска смета дека и новите предложени закони не го отсрануваат ризикот за граѓаните од можна злоупотреба на прислушувањето.

Контролата на тајните служби и натаму ги загрижува експертите, беше кажано и на денешната дебата на ФОН. Законите со кои се менува начинот на следење на комуникации, иако приоритети од прв ред се уште  не се донесени во Собранието, а планот е да почне нивната примена од ноември.

 Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ