Траги од метил акрилат има, но не испариле надвор

Резултатите од мерењата на акредитираната лабораторија од Штипскиот универзитет покажале присуство на опасната материја метил акрилат мономер во цевки и во резервоар во ОХИС, но немало надвор во воздухот. Министерот за животна средина Насер Нуредини на денешниот брифинг со новинарите уверуваше дека ситуацијата е под контрола и дека инспекторатот ја следи ситуацијата. Нуредини најави и одговорност од сопственикот на фирмата за тоа што се случило.

Постапката за чистење на хемикалиите во кругот на „Охис“ го врши фирмата „Екоцентар 97“, која треба да го извезе отпадот во Швајцарија, каде ќе се врши негово уништување.

Хаваријата се случи во петокот, откако при миење цистерни преку кои се вршело препакување на метил акрилат мономер се излеала водата. Од Министерството за животна средина, соопштија дека пукнал вентилот на цистерната и водата се излеала во специјалната када. Станува збор за отпад во количина од 60 до 70 тони. Освен миризбата од таму потврдија дека не е предизвикана поголема материјална штета ниту последици врз животната средина.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ