
Трагедијата на Македонците во Граѓанската војна во Грција тема на научна конференција
Граѓанската војна во Грција 70 години по нејзиното завршување за првпат беше тема на научна конференција на теми поврзани со Македонците по потекло од Грција. Темата „Македонија: Историја, јазик култура“ обедини трите институти – за социолошки и политичко-правни истражувања, за македонски јазик и за историја, научно да се осврнат на драмата кој ја преживеале Македонците од Грција.
Истражуваме што било, како било за идентитетот, за историјата, за бегалската криза. И пред се, сакаме да оставиме запис за идните генерации овие теми да ги елаборираме, да разговараме да пишувае за нив бидејќи е важенд ел од нашата историја,
изјави Петар Атанасов, Институт за социолошки и правно-политички истражувања.
Според Атанасов досега не доволно биле проучувани овие теми, пред се поради недостиг на ресурси и инвестиции за тоа.
Егејците потекнуваат од дел на Македонија каде што има богата народна култура, каде што имаше илјадници населени места, каде што имаше многу народ, но во еден период кога не било целосно оформено или дозаокружено она што ќе случи потоа во Република Македонија, поточно денес Република Северна Македонија,
рече Атанасов.
За македонистите дел од македонскиот јазик се и јужните говори т.е. егејските говори.
Потребата научно да се елаборира надвор од другите гледишта и видици оваа тема е многу голема. А денес ние ќе покажеме во оној дел каде што е јазикот колку хомогена и компактна е таа македонска јазична територија што се простира надвор од границите на Република Македонија,
изјави Снежана Веновска – Антевска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Историчарите пак на конференцијата научно ќе го ја обработуваат Граѓанската војна во Грција и македонското прашање.
Ќе дадеме еден повеќеаспектен приказ на Граѓанската војна, на нејзините последици, на македонското население избегано од таму и населено во останатите земји и особено во однос на Македонија како тоа се рефлектира, се одразува и се интегрира во нашето општество,
вели Катерина Мирчевска, Институт за национална историја.
А Граѓанската војна во Грција и по 70 години се уште е тема на болни сеќавања на Македонците кои ја преживеале. Такви се сеќавањата на Димитар Митко Арџелиев, од Сеаво или Идомени.
Војната кога почна ние веќе не знаевме практично за себе, кој на кого пука, кој во кога пука. Во тоа време, во тие ноќи навечер се случуваше да изгорат неколку куќи, племњи, имоти на луѓе и ние меѓу себе се чуствуваме несигурни,
се сеќава Арџелиев.
Вели и денес населенито таму се уште ги живее последиците од војната.
За научната конференција стигнати се статии од над 20 автори, од кои еден реферат е од Бугарија, додека од Грција не стигнал ниту еден.
Тамара Грнчароска