Традиционален бадникарски маскенбал во Тетово

Традиционалниот бадникарски маскенбал во Тетово и годинава го започнаа децата. Тие во доцните попладневни часови маскирани одат од врата на врата, пеејќи ја песната „Бдња баба“, а домаќинките ги даруваа со овошје, слатки и по некоја паричка. 

Маскенбалот во Тетово во пресрет на Божиќ, потекнува од паганско време. Истиот е прифатен и од повозрасните. Тие маскирани во духовите и инвентивни маски бадникарската вечер ја поминаа во тетовските кафулиња и дискотеки.

Специфично за Тетово е и палењето на бадникарскиот оган во пресрет на празникот Божиќ.

Во речиси сите тетовски мала со посна трпеза топла ракија и чај се чекаше христовото рождевство. Граѓаните велат дека и покрај апелите на црковните лица не се откажуваат од ваквиот начин на празнување, преку кој како што велат народот се зближува

Оваа традиција и маскенбалот во пресрет на Божиќ, во Тетово се практикува околу четири децении. Дел од свештенците од тетовско не се согласуваат со ваквиот начина на празнување. Велат дека Христовото рождество треба да се дочека дома со семејството со посна трпеза, а дечињата на бадник да пеат христијански песни, обичај кој се востановува последниве години со бадникарската литија на дечињата и пеење на песната Вечниот бог.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ