
Траат преговорите за двотретинско мнозинство
Договор за обезбедување 2/3 мнозинство за уставните измени се уште нема информираат од крилото на Беса на Касами. Преговорите запнаа кај амандманот на Беса кои бараат да се избрише зборот македонско државјанство и да стои државјани на Северна Македонија. Работните групи на Владата и претставници на Беса се во постојан контакт и незивесно е каков епилог ќе има до почетокот на пленарната седница. Од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ брифираат дека доколку се направат какви било остапки во делот на државјанството тогаш тие нема да дадат подршка на амандманите затоа што токму тоа се смета како придобивка на нашата држава при склучувањето на Договорот од Преспа. ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата и присуствува на седницата. Од пред законодавниот дом се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој соопшти дека тие нема да дадат легитимитет за менување на Уставот и дека отпорот е единственото нешто што им останува.
СДСМ смета дека ВМРО ДПМНЕ нема да го попречи членството во НАТО и ЕУ. Оптимисти се дека уставните измени ќе имаат подршка од 80 пратеници.
И ДУИ се убедени дека третата финална фаза од уставните измени ќе го добие потребното мнозинство.
Јулијана Пешевска