Тошта излегува од Шутка

Александар Јаневски Тошта излегува од Шутка дознава Tелма. Кривичниот совет на основниот суд скопје еден му ја укинал мерката притвоr и му определиле кукен притвор. Според нашите извори Обвинителството побарало да му се замeни мерката со куќен притвор за што е приложена и медицинска документација за влошената здравствена состојба и можно уште денеска Јаневски да биде го напушти затворот.

Ова следува откако пред два дена на судењето за нападот на Села, на Тошта му се слоши и падна на подот во судницата и со брза помош беше однесен во градката болница 8 септември. Од таму по неколкучасовните прегледи повторно со амбулантно возило беше вратен во Шутка а неговата одбрана реагираше дека нема услови во затворот за неговиот клиент кој е со влошено здравје.

На судењето обвинителот направи измени на обивнението но за Тошта остана истото кривично дело убиство во обид на Села, по што се изнервира и рече дека го гонат за убиство затоа што е основач на ВМРО. Врз основа на последната снимка обвинителот го ослободи од обвинение Сашо Сенков а за Стојан Павлески и Цејо Георгиевкси определи насилество што е полесно криивчно дело.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ