
„Тортура“ се враќа на почеток, поротник си поднел оставка
Изминатите две и пол години од судењето за случајот „Тортура“ паѓаат во вода а судењето ќе започне од почеток, бидејќи еден од поротниците си дал отказ. Отсутна беше и судијката Александра Ристеска поради здравствени причини.
Но поради смената на поротникот постапката мора да почне од почеток, односно одново да се викнат сите сведоци и да се изведат сите докази.
Судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” се наоѓаше во доказна постапка а застапник на обвинението е Љубомир Лапе.
Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.
Специјалното јавно обвинителство ги гонеше за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.