
Тортевски: Најголемата одговорност е кај МВР
„Најголемата одговорност е кај МВР, без оглед дали е побаран притвор од обвинителството или не. Груевски не беше присутен на објавување на пресудата. Во овој случај имаше спортска шанса од три дена за Груевски да бега“.
„Аболицијата која ја даде претседателот Иванов и нејзиното спорно поништување е спорна и може да се искористи во постапката за Груевски во Унгарија каде ќе добие целосна помош од режимот на Орбан“.
Според него, кривичното дело за случајот „Тенк“ е благо и за него не се бара притвор. Но, Груевски е обвинет во други случаи, а е еден од осомничените за случувањата на 27 април минатата година, што е сомневање за сериозно кривично дело. Спрема таков човек полицијата мора да има постојани оперативни сознанија за тоа каде е, кај се движи, со кого се среќава, рече Тортевски.