
Топ Тема: За многу прашања поврзани со Охис, нема никакви одговори
Многу прашања остануваат отворени и во овој момент не ги добиваме адекватните одговори, бидејќи тоа што се добива како некаква полуинформација се коси со информациите кои што се официјално поврзани со компанијата што била ангажирана да го чисти, обвини Ели Пешева од О2 иницијативата на вечерашната Топ тема.
Кога се случило тоа испуштање на хемиската материја немало никој кој што бил присутен на локацијата. Значи ние не ни знаеме точно кога тоа е направено,
рече Пешева.
Никој нема точни и комплетни податоци што се има во кругот на Охис и многу тешко може да се дојде до такви информации. Привиден увид може да се направи во огласот кој го има објавено стечајниот управник во дневните весници на 11 април 2018 година.
Различни се количините кои што се обајвени во тој оглас, за кој се исплатени 2 милиони евра, од оние кои што се утврдени со елаборатот. Метил акрилат мономер пишува дека 11 тони треба да бидат отстранети, е сега во елаборатот стои дека при инвертизација на резервоарот со метил акрилат е забележано дека истиот го нема во резервоарот. Се претпоставува дека таа количина на метил акрилат е испарена и се поставува прашањето што тогаш испарило во четвртокот и дали тие се адекватните симптоми кои што граѓаните ги почуствувале?
вели Пешева.
Знаевме дека е опасно и тоа беше смрдлива технологија, сведочеше Перо Нане, поранешен хемиски инжењер во Охис.
Знаевме дека е опасен како пестицид но се продаваше, 250 тони годишно одеше како алва. Многу се продаваше се додека не го забранија прво Германците, па Русите, па потоа Романците и на крајот моравме и ние да го забраниме,
рече Нане.
Линданот се произведуваше според технологија дадена од Германија, продолжи инжењерот Нане, но се виде дека самиот пестицид Линдан го губи чекорот со времето и треба да биде забранет. Не само поради тоа туку и затоа што имаше многу нуспроизводи, како алфа и бета изомери кои мораше да се исфрлаат за да се добие тој гама изомер, кој е наречен линдан.