
Топ Тема: Муцунски и Жерновски со различен пристап за постапката на министерката Мизрахи
ВМРО ДПМНЕ ќе го смени преспанскиот договор ако има 2/3-тинско и бадинтерово мнозинство, изјави во вечерашната Топ Тема, меѓународниот секретар на оваа партија, Тимчо Муцунски.
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, посочи дека апсолутно е невозможна интеграција во евроатлантските процеси без почитување на договорот од Преспа.
Тие ги судрија ставовите и околу постапката на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, која се појави пред табла со името Република Македонија.