
Топ Тема: Милошоски и Жерновски за шансите за отворање преговори за членство во ЕУ
Владиното лобирање во Брисел е задоцнето, оцени пратеникот Антонио Милошоски во вечерашната Топ Тема. Ја критикуваше владата дека не успеала навреме да ја разубеди Франција, и го повтори барањето на опозицијата за предвремени избори.
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, изрази надеж дека сепак на престојниот самит на европските лидери, Македонија ќе добие одлука за отворање преговори за членство во ЕУ.