Тони Трајковски во ТНТ доби 15 дена од судот за да оздрави

Неговото столче остана празно во судницата. Тони Трајковски кој ја управуваше општина Гази Баба, а стана обвинет за рушењето на комплкесот „Космос“ морал да остане дома бидејќи е болен тврдеше неговиот адвокат во судницата.

Судечкиот совет предводен од судијата Огнен Ставрев не поверува на зборовите на адвокатот, ја повика докторката Викторија Вујовиќ од невропсихијатрија која го издала боледувањето, а претходно ги острани присутните во судницата.

Сериозно е но минливо кусо ќе образложи за болеста на Трајковски неговиот адвокат.

ТНТ е закочен заради здравствените отсуства на Трајковски.

По, две години правни докажувања во судницата на една од поротничките и истече мандатот и предметот треба да отпочне одново.

Иако стасаа до завршни зборови и пресуда сега одлуката дали одново ќе се викаат сведоци и ќе се изведуваат докази е во раце на одбраната.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, а на обвинителна клупа седнаа  екс министерот за транспорт и врски,Миле Јанакиевски, Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, вработени во општината а во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ