
Тони Трајковски не дојде на судење за “ТНТ”, пријавил дека е претепан поради кучиња
Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот “ТНТ”, не се појави на денешното рочиште на судскиот процес за овој случај. Неговиот адвокат, Јовица Страшковски, достави поднесок во судот, во кој се тврди дека Трајковски со видливи повреди на главата и телото бил пренесен во болница.
Полицијата го потврди настанот заради кој Трајковски не дојде на судењето.
“На 22.12.2019 околу 23,35 часот Т.Т. пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив. Се работи на расчистување на случајот”.
Според извори на Телма, на тепачката претходела расправија на Трајковски со двете лица , затоа што шетале куче кое не било врзано.