
Тони Трајковски дојде на „ТНТ“, адвокатот Миланов бара одложување
Поранешниот градоначалник на Гази Баба, како обвинет во предметот „ТНТ“, Тони Трајковски денеска дојде во судот на рочиште, велејќи дека не сака да биде причина за одлагање на процесот. Тој кажа дека уште имал боледување од комисијата но сепак одлучил да дојде.
Рочиштето започна со воведи говори.
Обвинителот Бурим Рустеми остана на говорот кој го имал во јануари 2018 кога почна прв пат „ТНТ“.
И адвокатот по службена должност на избеганиот Никола Груевски остана на стариот воведен говор кој го дал тогашниот адвокат на Груевски.
Адвокатот Еленко Миланов кој го брани порашениот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски рече: Ќе ви докажеме дека обвинетиот Миле Јанакиевски како министер за транспорт во тоа време немал ингеренции во тоа сето овде што му се става на товар. Тој побара транскриптите од „бомбите“ да не бидат докази и да се одложи судењето додека не се донесе новиот закон за јавно обвинителство.
Јанакиески пред судот рече дека би сакал поранешната јавна обвинителка Катица Јанева да биде сослушана, по што според него ќе се докаже дека ова е политички случај против него.
Во предметот „ТНТ“ за незаконското уривање на објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цановски, обвинети се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот премиер, Никола Груевски.