Тони Трајковски чека покана за да дојде на ТНТ, а судот ќе му испрати полиција затоа што судскиот доставувач наишол на затворена врата

Ако денот по утрото се познава, ТНТ и по новиот старт навестува турбулентно судење.  Со полициско возило ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски утре треба да биде донесен на судењето за ТНТ. Судскиот доставувач вчера тропнал на адресата на обвинетиот но никој не му оптворил и тоа се смета за уредна достава рече судијата Огнен Ставрев

  • За Тони Трајковски судот ќе испрати наредба за присилно спроведување. А ако продолжи да се однесува вака ќе има подрастични мерки за него. Огнен Ставрев, судија во Кривичен суд.

Адвокатот Страшевски тврди дека Трајковски не бега и не треба да биде присилно приведен. Иако знаел за судењето не дошол затоа што чекал уредна покана,

Утре ќе има нов обид да старува ТНТ со нови двајца поротници. По Страшевски и Даути со сличен став. Вели подоцна се вклучил во предметот и смета дека треба повтроно да се викаат сведоците и вештаците.

За разлика од ТНТ , во Монструм кој денеска исто така почна од почеток, одбраната даде согласност за читање на доказите и за 10тина минути судењето дојде до фазата во која беше и претходно.

Монструм и ТНТ ги водеше ист судечки совет и се вратија на почеток поради оставката на поротничката чиј мандат истече пред нова година. Судиите смениле уште една поротничка чиј мандат завршува за неколку месеци но поставиле и резервна како што има на судењата за Титаник Рекет а имаше и за 27 април.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ