Тодоров против бојкот на референдумот

Поранешниот министер Никола Тодоров сака да ја види Македонија во НАТО. Затоа на 30 септември ќе излезе да гласа, но нема да го заоркужи одговорот „за“.

Тодоров вели дека неговиот став е во согласност со партиската определба за самостојно одлучување. Но, според него, ВМРО ДПМНЕ не смее да биде за бојкот и да следи мали групи кои ја предводат таквата позиција.

Учесниците на дебатата посветена на НАТО упатија порака дека, доколку ги сакаме привилегиите од членството во Алијансата, треба да го искористиме моментот и да го поддржиме  Договорот од Преспа.

„Големата порака на овој договор е дека компромис е постигнат, успехот е почитуван и прифатен. Му се аплаудир не само тука, не само во Грција, туку во цела Европа“, рече холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп.

„Сега кога среќата е во вашите раце, треба да ја платите цената. Ова е тој момент. Многу земји од вашето опркужување немале ваков момент, немала ниту Палестина. Сега можете да одлучите бидејќи среќата е во вашите раце“. рече поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси.

            Последните години, со учеството во мисиите, Македонија ги споделува обврските со НАТО но не ги чувствува бенефитите што ги носи членството, вели министерот Димитров и потсетува кои се трите главн придобивки.

Со членството во НАТО, влегуваме во Клубот на најбогатите, најсилните, најдемократските држави во светот. Зарем уште треба да размислуваме дали да гласаме „за“, праша Претседателот на Евро-атлантскиот совет Исмет Рамадани.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ