Тодоров и дедото на Тамара очи в очи на реконструкцијата на обидот за убиство

Денсека 12 часот, 12,12 2018, се подготвуваше теренот пред платото на Министерството за здравство за да се одигра настанот кој се случи на 1 јуни 2017. Но овој пат пред поинаква публика, судска. Дојдоа судијката и советот, адвокатката, вештаците. Се чекаа главните учесници, дедото на малата Тамара од Велес, Љупчо Стојановски и екс министерот за здравство Никола Тодоров. Пред импровизираната судница и двајцата ги имитираа своите верзии како се случи пукањето од дедото кон екс министерот. Прво Стојановски покажа каде стоел и како се придвижил кон Тодоров, целта не му била да го убие, туку да испрати порака.

Се е лага рече Тодоров, и тој ја кажа својата верзија. Ја почувствувал дури и топлината на куршумот. за кој тврди дека кон него е стрелан.

И обезбедувањето на Тодоров ја кажа својата верзија, идентична на онаа на екс министерот.

Реконструкцијата следува откако Апелациониот суд ја поништи првата пресуда од седум и пол години затвор, и процесот започна одново. Сега ќе се прави и балистичко вештачење.

Инаку дедото на Тамара се товари за обид за убиство на Тодоров. Инцидентот се случи на заминувањето на екс министерот од функцијата, а е поврзан со смртта на девет годишното девојче Тамара Димовска кое почина од сколиоза.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ