
Тодор Петров ќе собира 150.000 потписи за нов референдум
,,Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија“ е прашањето за кое граѓаните треба да се изјаснат доколку се соберат 150 000 потписи и се распише референдум. Комисијата за политички систем и законодавно правната комисија констатираа дека иницијативата на Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров е уредна.
Членовите на собраниските комисии не сакаа да се впуштат во расправа дали во овој момент е потребен или не нов референдум за името.
За успешно спроведување на референдумот неопходно е претходно собрансикиот спикер Талат Џафери писмено да ја информира ДИК преку Премиерот.
Откако ДИК ќе го извести подносителот на иницијативата дека се подготвени подрачните одделенија, за 20 дена треба да се достават формуларите и во рок од три месеци да се соберат потребните потписи. Ако се соберат Собранието е должно да го распише референдумот.
Јулијана Пешевска