„То Вима“: Предлог идеите на Нимиц

Нимиц ја повторува клаузулата на неексклузивност за термините македонски и македонија за економска употреба, новото име да се користи непреведено или преведно по избор на секоја странa. Медијаторот предлага двете земји, одново да потврдат дека не негуваат територијални претензии или барања, како и за заемно почитување на културното наследство.

Според „пакетот идеи, на Нимиц, како што пренесува То Вима, усвојувањето на новото и конечно име, што ќе биде ерга омнес, е поврзано директно, и само со интеграцијата во Европската унија. Што значи дека уставното име ќе продолжи да биде во сила до влезот во унијата. Во однос на поканата за НАТО, Нимиц истакнува дека до датумот, на кој Скопје официјално ќе стане член на Алијансата, би требало да бидат преземени сите неопходни мерки, за да се уредат билатералните односи, со останатите земји- членки врз основа на новото официјално име што по азбучен ред ќе биде заведено под буквата М.

Весникот, повикувајќи се на документот од медијаторот, ги потврдува информациите објавени во медиумите, за петте предлози доставени до преговарачите на 17 јануари: „Република Горна Македонија“, „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“, „Република Нова Македонија“  и „Република Македонија (Скопје)“.

Но, Нимиц е отворен и за други предлози.  По однос на  прашањата за националноста и јазикот,  предлага опција: македонски напишано на латиница, или  граѓанин на Република Горна Македонија.

Во врска со преводот на новото име како од двете инволвирани страни, така и од земјите членки на ОН или трети страни, тие ќе можат да го прават тоа според нивен избор.

За опсегот на употреба, Нимиц предлага процес во неколку дела. Најпрво, усвојувањето на соодветната резолуција за новото официјално име од советот за безбедност дека тоа ќе се употребува „во сите официјални мултилатерални меѓународни рамки, вклучително и состаноци, конвенции, договори и официјални документи.“  потоа, дека Македонија, ќе треба да направи „најдобро што може за новото име да се користи во официјалниот систем на обединетите нации и  другите мултинационални организации“. Во овој контекст, медијаторот, како што објавува „То Вима“, додава и три забелешки: прво, дека самиот термин Македонија во непреведена или преведена форма, Скопје нема да го користи како официјално име на државата во ниедна рамка.

Второ, дека термините „поранешна југословенска република македонија “ и ПЈРМ  ќе престанат да се употребуваат во контекст на Скопје.

Трето – и како што се чини најважно – терминот  Република Македонија (republika makedonija) ќе продолжи да се користи за внатрешна употреба сѐ до датумот на членство во ЕУ, пишува весникот.

Јулијана Пешевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ