
ТНТ се одолговлекува, под ризик дека ќе почне од почеток
Кривичен суд наспроти адвокатите – во трка со времето за случајот ТНТ.
24-ти Декември е критичниот датум тврдат адвокатите на обвинетите за случајот со рушењето на Космос на Фијат Цановски.
Според нив до тогаш е мандатот на две поротнички, па ако помине овој рок, а пресуда нема, ќе мора процесот да почне од почеток со обновен судечки совет. На денешното рочиште не им се брзаше ниту на адвокатите ниту на обвинетите меѓу кои екс министерот Миле Јанакивески и екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.
И покрај тоа што требаше да дадат исказ дошле неспремни бидејќи имале само 13 часа од завршувањето на вчерашното рочиште. Во меѓувреме Трајковски го променил адвокатот оти не му кажал дека ќе има толку малку време да ја спреми одбраната.
Адвокатот Боро Талески не ме предупреди дека ќе треба да дадам одбрана со анализа на докази, вештачења и искази на сведоци.
Немав време да се спремам па синоќа му го повлеков ангажманот. За нов адвокат го назначив Јовица Страшевски но денеска не е во можност да присуствува.
Освен што присуствуваа адвокатите на Никола Груевски и Миле Јанакиевски останатите обвинети дошле без адвокати. Судијата Огнен ставрев им порача дека тоа е злонамерно и нефер и ги казни со по 2 илјади евра. Донесе и адвокати по службена должност, но тие одбија да ги застапуваат обвинетите оти не го знаеле предметот.
И за него и за обвинителот Бурим Рустеми ова е со цел одолговлекување на процесот. Во меѓувреме Јанакиевски побара нови сведоци.
“Не знам за што ме судите кога не сум потпишал ни едно ливче. Сакам да сведочи и оштетениот Фијат Цановски бидејќи тој комуницирал со Груевски. Ова е со цел да се дознае вистината.По законот Цановски не смее да сведочи бидејќи постојано беше присутен на рочиштата. А Груевски го нема.За жал” –рече Јанакиевски.
На крај обвинетите успеаја да го одложат и денешното рочиште. За утре е најавено следното.
Процесот трае речиси две години а ако нема пресуда следната недела, ќе почне од почеток.
Билјана Николовска