Тлото во Албанија не мирува, повеќе од сто повредени во вчерашниот земјотрес

Тлото во Албанија и денеска не мирува. Земјотрес во 9 часот изутринава е регистриран со јачина од 3,5 рихтерови степени.

Тирана и Драч ги расчистуваат улиците од урнатините, и деловите од фасадите кои паднаа по вчреашниот силнен земјотрес. Првиот потрес беше најсилен со јачина од 5,8 рихтерови степени, што ги испаничи луѓето кои со врескање ги напуштаа своите домови, а повредите ги добиле најмногу поради паничното бегање и буткање низ скалите од зградите. Луѓето раскажуваат за кошмарот кој се случувал на погорните катови. Но, велат за среќа траело кратко, околу 20 секунди.

  • Ужасно чувство, кога удри првиот пат бевме внатре, беше толку силно што едвај ја отворивме вратата. Имаше и деца внатре, и додека бегаа се повредија. Двете мои деца се повредени исто така, а едно 25-годишно момче се повреди во главата. Многу се исплашивме, беше многу моќно, не сме почувствувале нешто вакво, вели еден жител на Тирана.

Дополнителен страв кај луѓето влеаа и афтершоковите. Уште три потреси со магнитуда од 5,1 , потоа 4,7 и 4,8 степени.. Стравот ги натера ноќта да ја минат под отворено небо. Најмалку 105 луѓе се повредени, 70 побарале лекарска помош, а 21 од нив се задржани во болница. Оштетени се повеќе од 290 куќи, а на 20 станбени згради се појавија пукнатини. На вонредната седница на владата која се оджа на полноќ е одлучено полицијата да остане во состојба на готовност. Армијата утринава постави и шатори во близина на стадионот во Драч, за сите оние кои не се чувствуваат безбедно да се врата дома, можат да преспијат во нив.

Епицентарот на потресот се наоѓаше во Јадранското море, на длабочина од 10 километри. А двата последователни потреси се почувствуваа и во Македонија, најмногу ги испаничи жителите на Дебар.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ