
„Титаник“ одложен за 23 ноември
Рочиштетео за предметот „Титаник“ се одложи за 23 ноемри, бидејќи судијата Осман Шабани утринава бил известен дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се во притвор, па затоа немал време да испрати наредби до затворот за да ги донесат на судење. На рочиштето не се појави ниту обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова побара од судот на обвинетиот Груевски да му се суди во отсуство, и од наредното рочиште да продолжи главната расправа за случајот. Судот до 23-ти ноември ќе ја проверува достапноста на Груевски и ќе донесе одлука дали ќе му суди во отсуство.