
„Титаник 2“ за изборните нерегуларности со ново рочиште
Во кривичниот суд во Sкопје продолжува судењето за предметот „Tитаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
Меѓу обвинетите е и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор во затворот „Шутка“, откако судот му ореди 30-дневен притвор за случајот „Империја“.
Минатото рочиште беше одложено, а претседателот на Судечкиот совет Огнен Ставрев и даде рок од три дена на одбраната да се изјасни дали некој од обвинетите ќе ги предложи за сведоци.
Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.