
Зголемен бројот на тимови кои на терен ги мапират децата – питачи
Деца питачи на речиси секој семафор. Наместо на училиште тие се на улица. Ваква е судбината на околу 2.000 деца во Скопје.
Оние кои работат на терен велат, дека децата понекогаш се плашат да им кажат како се викаат и дали некој знае дека се сами на улица.
Од УНИЦЕФ, велат дека децата кои се на улица се изложени на ситуации кои го загрозуваат нивниот живот и е важно да има кој да им помогне да се ресоцијализираат,
Центарот за социјална работа на град Скопје заедно со УНИЦЕФ има формирано шест тимови, кои треба да им помогнат овие деца да се вклучат во општеството.
Покрај оваа мерка Министерството за труд и социјална политика, има телефонска линија на која може да се пријави дете на улица, за да му се пружи помош и да биде заштитено.
Питачењето е прекршок согласно со Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а за прекршокот се одговорни и родителите и старателите на детето или малолетникот коj проси.
Теодора Цветковска