
Тимот на Силјановска на средби во ДИК и ЈО
По пријавата дека СДСМ собира лични податоци од граѓаните преку апликација на смарт телефоните, шефот на штабот на претседателскиот кандидат, Гордана Сиљановска, денеска беше повикан на средба со претседателот на ДИК. Дополнителни сомнежи им предизвикало тоа што, апликацијата е избpишaнa уште вчера, само половина час откако го открија случајот и иако се` уштe се гледа на пребарувачот Google, веќе не може да се симне од Google Play.
Поставиле и други дилеми пред ДИК.
Случајот се најде и на денешната седница на Државната изборна комисија. Велат дека тие не се надлежна институција за ова прашање, и да утврдат прекршување на изборниот процес, се` што можат да направат е, предметот да го проследат до обвинителството. Но, сепак, ќе го разгледаат случајот.
За утре е закажана средба на тимот на Силјановска и во Јавното обвинителство. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека и тие ќе поднесат жалби до институциите, но немаат доверба во нив.
МВР денеска немаше реакција за случајот.
СДСМ, пак, вчера негираа дека постои таква апликација. Велат дека користат современ, иновативен начин на водење на кампања, модел што е преземен од сестринските партии од Шведска.
Системот, тврдат, не прибира лични податоци за граѓаните, не содржи фотографии, ниту интернет активности и дата податоци од паметни телефони. Ги повикаа државните институции да извршат увид и, како што велат, да ги демантираат лагите на ВМРО ДПМНЕ.
Далиборка Демјанска Цветановска