
Тимоние ги претстави 4-те принципи на новата методологија за проширување
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ги претстави 4-те принципи на новата методологија за проширување. Идејата е методологијата да важи за сите земји од западен Балкан, како и за оние што ги почнале преговорите.
Рече дека ЕУ и Франција се со граѓаните на Македонија и веруваат во европскиот процес. Вицепремиерот Османи рече дека сите сме сложни за ЕУ иднината и дека не се плашиме ниту од 1000 бенчмаркови. Ја повика опозицијата да го донесат законот за СЈО.