Тежок скандал: „Македонски пошти“ по грешка издала марка со „Голема Хрватска“, сега ќе ја повлекува

На денот на Европа – 9 мај – Денот над победата над фашизмот, „Македонски пошти“ пушти во оптег поштенска марка со „Голема Хрватска “. Пуштени се 6.000 поштенски марки на кои е направен тежок пропуст затоа што е отпечатена картата на „Голема Хрватска“ на Анте Павелиќ, односно на Независна Држава Хрватска како нацистички колаборационист.

Директорот на „Македонски Пошти“ Ејуп Рустеми во телефонски разговор за „Телма“ вели дека го видел пропустот и веднаш свикал Управен одбор кој треба да донесе одлука за повлекување на марките.

„Во моментов имаме он – лајн Управен одбор и треба да донесеме одлука за повлекување на поштенската марка. Утринава веднаш ја тргнавме од нашиот веб сајт.- вели Рустеми и повеќе детали најавува после Управниот одбор.

Сепак тој одговорност за инцидентот гледа во Советот за филателија кој го избира дизајнот на марката. Тој бил состване од 7 експерти, внатрешни и надворешни меѓу кои има и од Институтот за национална историја но и експерти од институтот на Државниот универзитет во Тетово и други.

-На почетокот на годината Советот за филателија предлага програма за теми за целата година, ние ја усвјуваме програмата и таа ја одобрува и Министерството за транспор. Врз основа на тие теми Советот за филателија го избира дизајнот. Ние не го видовме дизајнот – вели Рустеми.

Дали ќе има одговороност и од кого Рустеми најави дека ќе каже после седницата на Управниот Одбор.

Целта на поштенската марка била да ѝ ја искаже својата благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија. А „Македонски пошти“со серија поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ го одбележува 9 мај.

Инаку картата на Хрватска нацртана на марката не ги претставува границите на земјата, туку е карта на Независна Држава Хрватска, квинслишка творба чии водачи се директно одговорни за страдањето на повеќе од милион луѓе.

Дизајнерите ја скицирале мапата на марионетскиот усташки режим, кој во своите претензии ги опфаќал и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ