Тетовци се жалат на канализациската мрежа во градот

Патниците пред да се качат на автобус или воз ги пречекува неподнослива смрдеа. Во и околу кругот на автобуската и железничката станица во Тетово деновиве се шири миризба на фекалии, откако започна водата од атмосверката канализација да избива на површина.

Сопствениците на локалите во овој дел на градот, кои се најзагрозени од оваа еколошка катастрофа, велат дека се децениии се соочуваат со овој проблем. Но во последно време е се поголем, затоа што на атмосверката канализација на диво се приклучуваат новоизградени објекти, каде ги поврзуваат и нивните тоалети.

Од Секторот водовод и канализација при Јавното комунално претпријатие Тетово, велат дека се запознаени со проблемот кој е поизразен после секој пороен дожд. Истакнаа дека е потребна целосна реконструкција на канализационата мрежа во градот, која е претесна да ги прими сите атмосверски и фекални води, дополнително и поради тоа што граѓаните во водоводните и канализациони цефки фрлаат се и сешто.

Од Општина Тетово, не прецизираа дали и кога ќе преземат мерки за реконструкција на канализационата мрежа, која води кон автобуската станица

Истакнаа дека работат на проекти поврзани со подземната инфраструктура во градот, за која првично се предвидено 32 милиони денари.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ