
Тетовското гравче се помалку го има
Тетовскиот грав како бренд ќе исчезне велат производителите од тетовско. Од година вгодина се намалуваат површините засадени со овој производ. Земјоделците се откажуваат од оваа дејност пред се поради нелојалната конкуренција и немањето пласман.
Со цел промовирање на тетовскиот грав, во Теарце се одржата традиционална 10 по ред манифестација ден на гравот. Сите присутни имаа можност да пробаат од вкусното тетовско гравче кое се помалку го има на трпезите. Готвачот Мирко Ѓорѓески, вели дека тајната на вкусот е во самото зрно кое останува цело за време на варењето.
На манифестацијата имаше подготвено традиционално тетовско гравче за 500 – тини лица.
Зоран Димовски