Тетовско Луковица 20 години чека асфалтиран пат до селото

Ова е патот кој води до тетовска Луковица. Единствениот во Западна Македонија кој не е асфалтиран. Шест километарската делница преполна со дупки и нерамнини секојдневно ја поминуваат мештаните оштетувајќи ги своите возила.

Велат дека за тампонирање на патот има проект изготвен пред две децении, но неговата реализација не е ниту започната. Истиот проект е поднесен и лани до општинските власти, но оттаму не добиле позитивен одговор

Од Општина Желино, ни кажаа дека мора да се направи нов проект за асвалтирање на патот до Луковица, но за негова изработка немаат средства, се надеваат на помош од владата.

Ние како општина баравме проектант понуда, тоа што го добивме беше околу 6.500 евра, а во нашиот буџет за 2020 година не се предвидени толку средства за проектирање на локални патишта. Патот е долг 6.5 километри, што е прескапо за реализација. Во контакт сме со Владата за да изнајдеме решение, истакнаа од Општина Желино.

Моментално во Луковица живеат триесетина жители. Поради патот селото се празни. Младите не можат да одат на училиште повозрасните на работа, па единствено решение е да се преселат во град.

Има и такви кои решиле да егзистираат од тоа што го дала природата. Фармерот Борче Милошевски вели дека селото нуди одлични услови за развој на сточарството односно еколошки млечни производи.  Имаме пласман и можност да ја прошириме дејноста, но лошиот пат не ни дозволува.

Луковица е оддалечено на околу триесет километри од Тетово. Сместено на планината Сува Гора, над езерото Козјак во преубава природа погодна за рурален туризам, чиј развој зависи од асвалтирањето на шесткилоеметарската делница која води до селото.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ