
Тетовските тротоари окупирани од тезги и возила
Ниту пешаците, ниту возилата не можат слободно да поминат по јавните сообраќајници од дивопоставените тезги и непрописно паркираните и хаварисани возила на овие јавни површини. Најузурпирано е централното градско подрачје, каде по тротоарите па дури и на улица се продаваат земјоделски продукти, облека, опрема и апарати за домаќинство. Проблемот е долгогодишен, а институциите немаат презмено доволно мерки за искоренување на оваа појава, реагираат граѓаните.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово, велат дека редовно ги острануваат непрописно пакираните возила, а деновиве интензивно во соработка и координација со тетовскиот инспекторатот спроведуваат акции за остранување на дивопоставените тезги од јавните сообраќајници, со цел да се воспостави поголем ред и безбедност на сообраќајот
-Ќе се отстрануваат и соодветно ќе се санкционираат незаконски поставените тезги за продажба на земјоделски, конфекциски и други производи, но и другите видови узурпации, а со цел да се овозможи непречено и безбедно движење на возилата и пешаците. Ова, дотолку повеќе што наскоро во пресрет на новогодишните празници се очекува да се зголеми вкупната сообраќајна фрекфренција на тетовското и поширокото полошко подрачје, рече портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
СВР Тетово за ваквите узурпации изрекува глоби во вредност од 300 евра за физички, 2000 евра за правни лица и плус 600 евра за нивните одговорни лица. Општинскиот инспекторат пак, ги казнува прекршителите согласно законот за јавна чистотаВаквите акции велат од полицијата и инспекторатот ќе бидат засилени во и околу градскиот плоштад на улицата 120 , Илинденска, Видоја Смилевски Бато и Борис Кидрич.Но токму на овие сообраќајници имало вакви акции во текот на изминатиов период, но за неколку дена дивите продавачи пак ги поставуваат тезгите и слободно продаваатОд Комуналната инспекција се надеваат дека со позасилени и поредовни контроли кои ги планираат и за наредниот период јавните сообраќајници ќе бидат слободни за движење на возилата и пешаците.
Зоран Димовски