Тетовските сообраќајци се повеќе напаѓани од нервозните граѓани

Сообраќајните контроли во тетовско – гостиварското подрачје се ризик за полицијата. Нервозни возачи ги напаѓаат навредуваат и омаловажуваат припадниците на Секторот за внатрешни работи Тетово најчесто при преземање на мерки и активности за воспоставување на ред во сообраќајот.

За изминативе девет месеци од годинава, во полошко вербално биле нападнати триесетина полициски службеници а десетина полицајци биле физички нападнати

Вработените во МВР на полошкото подрачје дури се спречувани да ги извршат своите работни обврски за што се евидентирани 9 кривични дела спречување службено лице во вршење на службено дејствие.

Експертите велат дека освен полициските  и останатите службеници вработени во државните институции пред се здравствените работници и инспектори се честа мета на напади.

Стануваме се понервозно општество а насилниците добиваат уште поголема храброст, ако знаат дека за стореното дело ќе добијат блага казна најчесто парична, вели универзитетскиот порфесор по кривично право Ќебир Авзиу

Тој додава дека треба да се обрне и поголемо внимание какви лица се вработуваат во државната апаратура

Од СВР Тетово, дека велат дека вербалните и физичките напади врз полициските службеници се целосно расчистени и заокружени се  со соодветни поднесоци ,а поднесене се и кривични пријави за  спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ