Тетовските пожарникари бараат поголеми плати

Со вакви стари нараквици донација од Англија, тетовските пожарникари мора да ги ризикуваат животите гасејќи пожари низ целиот долно полошки регион. Велат дека секоја интервенција за нив е ризична, поради дотрената лична опрема која не им е обновена речиси 8 години ,а заштитната опрема за гасење на пожар последен пат довжбиле во 1999 година.

Синдикална организација на Територијалната против пожарна единица Тетово, се пожалија на личните доходи кои според законот за пожарникарство им следуваат. Велат дека за проблемите ја информирала општината неколку пати, побарале средба со градоначалничката Теуат Арифи , но попусто.

Тетовските пожарникари мора да го опслужуваат целиот долнополошки регион, затоа што руралните општини од тетовско немаат противпожарни друштва. За оваа услуга, тие не добиваат никаква надокнада. Но последниве десетина години тие се заборавени и од нивниот работодавец Општина Тетово.

Од локалната самоуправа, велат дека денешната пресс конференција на синдикатот на тетовската противпожарна единица, има одредена политичка позадина. Велат дека работат на подобрување на условите за работа на пожарникарите преку обезбедување на донации, а според нив при исплатата на платити се зема во предвид  Законот за противпожарна заштита.

Првично , обезбедивме подобри услови за работа во самата станица , а веќе следната година се очекува да завршиме и со реконструкцијата на внатрешноста на  објектот на ТППЕ Тетово. Од 2013 година па наваму обезбедивме донации во вкупна вредност од 400.000 евра, главно инвестиции во работни алатки, униформи и камиони за гасење пожар, велат од општина Тетово.

Од тетовската противпожарна единица веалт дека и понатаму ќе интервенираат во гасење на пожари, а правдата ќе ја бараат преку институциите на системот.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ