Тетовските јаболка се помалку на трпезите

Тетовската јоболка на земјоделските површини се помалку ја има. Ниската откупна цена и немањето пласман го доведе во ситуација овоштарите да ги корнат јаболковите насади.

Земјоделецот Драгољуб Зафироски од Брвеница вели дека дополнителен проблем е невремето изминатава пролет, кога биле уништени речиси 70 проценти од насадите. И тоа што му останало во складиштата не може да го продаде. Откупците му нудат како што вели понижувачка цена за килограм јаболка, која е за неколку пати помала од трошоците за производство.

Загрижувачки е податокот што најголемата земојделска задруга АД Брвеница од 150 хектари површини засадени со јаболка сега има само 30. Како и кај останатите производители проблемот  со откупот ги натерало да откорнат јаболковите насади.  

Ако продолжат проблемите со јаболко, само прашање е на време кога ќе исчезне добро познатиот бренд тетовското јаболка.   

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ