
Тетовската Мајка Тереза во субстандардни услови се грижи за шест деца
Ова се руинираните објекти каде Ханче Алиќ се грижи за 6 деца. Едно е нејзино, останатите се од дом за деца без родители и од нејзиниот починат брат.
Тетовската Мајка Тереза како што ја викаат во малото, вели дека ги расте од мали нозе, а едно веќе го изгледала и моментално живее во Германија каде основал и семејство. Има желба и останатите деца да ги изведе на прав пат, кои моментално живеат во катастрофални услови каде нема струја, вода и доволно пари за облека храна и лекови.
Апелира хуманите и институциите да и помогнат, како што вели во нејзината мисија. Најголем приоритет и е да уплати пари за приклучок на струја и вода.
Ова е едно од многуте семејства во Македонија кои живеат на работ на егзистенција. Од Министерството за труд и социјална политика неделава најавија зголемувања на надоместоци за ранливите категории граѓаните, со цел подобрување на нивниот социјален статус.
Министеркат Царовска вели дека ургентно ќе прати екипа од Центарот за социјални работи Тетово кај Алиќ, каде ќе се разледа можноста како во рамки на постоечките закони да му се помогне на ова семејство
Ханче е самохрана мајка која моментално живее само од помошта која ја одобриле за болната ќерка од нејзиниот починат брат. Вели дека има уште две девојчиња кои се болни, едно од детска парализа а друго од рак. Но сето ова како што вели, нема да ја поколеба да се откаже од децата.
Зоран Димовски