Тетовската Брза помош постојана цел на напади од пациентите

31 -годишен жител од тетовско Желино револтот за смртта на својот татко го истурил врз возачот на тетовската брза помош. Екипата била повикана да интервенира, таа се упатила кон селото, но во меѓувреме пациентот починал. Неговиот син го запрашал возачот зошто доцнат, упатил вербални напади кон него, а потоа и физички го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото.

И медицинските лица биле истуркани од семејството но тие успеале да го смират нивниот гнев. Возачот е итно однесен во тетовската болница каде му се констатирани повеќе повреди.

Началникот на брзата помош од Тетово Африм Алиу, вели дека неговата екипа е постојано изложена на напади. Работиме во рамки на нашите можности. Во смена се само двајца лекари. Едниот е во амбуланта другиот на терен. Но се случува да имаме неколку повици во исто време во тој случај не можеме секаде да стигнеме ургентно. Проблемот може да се речи само со вработување на повеќе доктори и друг медицински персонал.

Началникот проблемот го гледа и во амбулантските интервенции кои ги врши брзата помош, иако тоа не е нивна законска обврска. Кога не би ја обавувале оваа работа, тогаш би се зголемила нашата ефикасност на терен.

Во тетовската брза помош вработени се само десет лекари кои опслужуваат регион со околу 300.000 пациенти.

 

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ