Тетовска обиколница, државата е подготвена да помогне но градот нема проект

Бројот на возила во Тетово од година вгодина расте, а сообраќајната инфраструктура е иста речиси две децении. Не се градат нови улици ниту пак се прошируваат постојните.  Проценките говорат дека во градот има околу 60 000 возила, а дополнителен проблем е и што тетовските сообраќајници се користат како делници за транзит на патниците кои се обраќаат кон останатите полошки општини и Косово.

Експертите решението го гледаат во изградба на обиколница, која значително ќе го намали метежот

Од Министерството за транспорт и врски, велат дека владата прави напори за изградба на капитални проекти за побезбеден и растеретен сообраќај. Но, конкретно за изградба на обиколница на Тетово треба да се вклучи локалната самоуправа која треба најпрвин да изготви проект.  

Од Општина Тетово засега немаат најавено проект за обиколница. Во меѓувреме не се преземаат никакви активности за пробивање на трите булевари во градот, па голем дел од возилата се пренасочуваат по тесните улици и сокаци создавајќи дополнителни гужви и хаос.  

 Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ