
Тетово станува град рекордер со диви депонии
Додека локациите на дивите депонии каде се истовара и претовара тетовскиот отпад собран од домаќинствата се менуваат, купиштата смет во долниот дел на Тетово околу реката Пења остануваат тука со години. Во близина на оваа депонија лоцирана на само 700 метри од зградата на Општина Тетово има голем број на станбени објекти.
Жителите велат дека со години никој ништо не презема во врска со овој комунален проблем.
Од локалната самоуправа, велат дека постојано преземаат мерки за овој стар еколошки проблем.
Мини диви депонии особено во летниот период се појавуваат во стариот дел на Тетово, каде не се собира сметот со денови. И на локацијата кај тетовскиот Требош каде се претовара сметот, поради честите дефекти на станицата во дворот се создава голема дива депонија.
Зоран Димовски