Тетово се разбуди како најзагаден град

Тетовци синоќа дишеа екстремно загаден воздух. Концетрацијата беше за 16 пати поголема од максималните граници. Граѓаните бараат итни и радикални мерки за намалување на загадениот воздух.

Од Здружението Еко Герила велат дека општината досега не презела ниту една мерка за намалување на аерозагадувањето и на крај резултатот е 800 ПМ десет честички на метар кубен.

Утринава од здружението преку изложба ги истакнаа неостварените еколошки ветувања на градоначалничката Теута Арифи, а како потсетување дека градот тоне во смет собраа разновиден отпад од центарот, и го изложија во рамки на уметничкиот перформанс

Од Здружението Еко Герила, додаваат дека деновиве дополнително воздухот во Тетово го загадува прашината која се дига поради реконструкцијата на булеварот Индустриска ,која поминува покрај мерната станица за мерење на квалитетот на воздухот.   

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ