
Тетово повторно се гуши во отпад
Преполни контејнери, расфрлан смет наоколу, мини диви депонии. Ваквата е сликата веќе неколку недели во Тетово кој тоне во отпад.
Граѓаните велат дека екипите на ЈКП Тетово не го собираат редовно сметот во градот, каде нема доволно контејенри. Незадоволни се и од одржувањето на хигиената на јавните површини.
Од Јавното комунално претпријате Тетово, посочија дека со доаѓањето на пролетта се зголемуваат количините на смет, кои го фрлаат граѓаните.Овој месец велат дневно собираат по стотина тони смет повеќе од претходниот месец. Истакнаа дека проблемот ќе се реши и ќе започант да го собираат сметот повеќе пати во текот на денот. Најавија и поставување на повеќе контејнери.
Проблемот со комуналниот отпад ќе се зголеми со доаѓањето на печалбари, кога количините на смет собран од домаќинствата се зголемува двојно. Од Општина Тетово пред неколку години најавија проект за подземни контејнери, кои би собирале многу повеќе отпад кој не би се рафрлала наоколу. Но директорт на ЈКП Тетово, Цека рече дека идејата за подземни контејнери најверојатно, нема да се реализира во следните неколку години.
Зоран Димовски