Тетово – град на дивоградби

Голем дел од овие објекти во тетовско се дивоградби, некои се во постапка за легализација, а дел од нивните инвеститори воопшто не поднеле документација да ги легализираат.

Но едно е заедничко за нив, тие немаат никаква статична и техничка проценка за нивната издржливост во случај на земјотрес.

Експертите велат дека градбите во Македонија кога се пуштаат во употреба по претходна проверка од Институтот ИЗИС треба да да издржат земјотрес со јачина од 9 степени според МКЗ скалата.

Но, за дивоградбите кои никнуваат како печурки никој не гарантира и по нивната легализација, затоа што за нивно озаконување се бара само површината на објектот.

Професорот по урбанизам Енис Јакупи, како проблем ги наведува доградбите и надградбите на објектите кои не се земени во предвид при проектирањето за издржливоста на зградата во случај на земјотреси. Поголема ажурност треба да има кај инспекторите кои треба да ја контролираат градбата дали се изведува согласно проектот и стандардите на ИЗИС.  

Албанија минатиот месец ја погоди земјотрес со јачина од од 6,4 според рихтер односно 9 степени според МКС скалата, при што починаа 51 лице, 6000 домови беа оштетени и над 3000 лица евакуирани. Таму експертите посочија и анализите покажаа дека земотресот не ги зеде жртвите, туку дивоградните но и лошите градби градени без да се почитуваат проектите.    

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ