Тетово е претворено во депонија

Сметот во тетовско наместо во контејнери и уредени депониии се почесто завршува на улици, тротоари и други јавни површини. На Попова Шапка наместо чист воздух и зеленило, туристите наидуваат на дива депонија од каде се шири неподнослива смрдеа.

И за добредојде во Тетово ве пречекуваат купишта смет на претоварната станица лоцирана на неколку километри од градот.

Таму со месеци поради честите дефекти, сметот пред да се однесе во скопската депонија Дрисла, наместо во станицата се истура на земја. Лоша е сликата и во речиси сите населби во Тетово, каде се создаваат мини диви депониии.

Граѓаните се плашат од заразни болести. Велат дека контејнерите се преполни зато што во нив се фрла се и сешто, поради немање на соодветна локација за фрлање на инертен отпад, во ниту една полошка општина.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи не сакаше да даде изјава околу неконтролираното таложење на смет во тетовско. Рече дека проблемот со сметот во целиот полошки регион ќе се реши за уредување на регионалната депонија во гостиварско Русино, проект кој ќе го финансира Швајцарската влада. Најпрвин ќе се работи на физибилити студија, а втората фаза е уредување на депонија

Предвидена е студијата да се изработи за една година, па потоа ќе се премине на уредување, процес кој ќе трае неколку години, перод кога граѓаните од полошко се уште ќе се гушат во смет.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ